“Притвореник во затворот во Шуто Оризари починал од срцев удар , немал симптоми на коронавирус , но посмртна, при обдукцијата бил направен тест и е утврдено дека бил позитивен. Сега се утврдува со кои лица тој бил во контакт“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
“На Инфективната клиника во Скопје се примени мајка и четири месечно бебе од Кочани, кои се позитивни на Ковид-19. Состојбата на мајката и детето е стабилна и засега нивната клиничка слика е добра“,рече министерот.
Инаку, вкупно 68 пациенти се сместени на Инфективната клиника , од кои седуммина се во критична состојба и се вклучени на респиратор .