“Имаме две починати лица од коронавирусот, вчера во текот на денот, односно после полноќ маж на возраст од 45 години од Куманово, е префрлан на Инфективната клиника, каде за жал починал. Починатиот имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност(гојазност) и бил во контакот со близок член на семејството кој пред две недели се вратил од Франција. Другиот пацинет е на возраст од 78 години од Дебар кој имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
54 лица во моментов се лекуваат на Инфективната клиника, 4 од нив се во критична состојба, 20 имаат потреба од кислородна маска, на другите лица не им е потребен дополнителна поддршка од кислород, рече Филипче.