Дејвид Ханзел (57) за „Дејли Стар“ рекол дела во септември 2015 година развил инфекција на белите дробови и сепса која брзо се ширела, која едвај ја преживеал. Но неговото соочување со задгробниот живот започнало многу пред тоа,тврдел тој. Давид рекол дека почнал да гледа и да ги слуша мртвите од негови четири години.
Рекол дека забележал звуци и шепот кои неговите родители не можеле, и дека можел да слушне како мртвите ја затвараат вратата и палат и гасат светло.
Годините исполнети со духови го натерале Дејвид да почне да пие и да се дрогира, а за „Дејли Мејл“ рекол дека му е мака од тоа луѓето да мислат дека е луд. Но тој го задржал афинитетот кон ангелите: „Би разговарал со ангелите. Тие се кул. Ме заштитија од многу работи во животот“ – објаснил тој.
Неговиот најзначаен контакт со нив се случил во 2015 година, кога ја добил смртоносната инфекција и тргнал кон смртта. Давид е примен во болница со 70% од белите дробови зафатени со инфекција и сепса, а докторите морале да го оперираат.
Во еден момент, неговиот срцев монитор спласнал. Тој не сфатил дека е клинички мртов. Дејвид тврдел дека бил доведен до нирвана, опкружен со златна светлина и ангели.
После тоа што на него му се чинеле месеци, небеските ангели му рекле дека мора да се врати на земјата. Тврдел тој: „Ангелите ми кажаа уште една причина зошто морам да се вратам, а тоа дека мојот повозрасен брат дека ќе почине. Исто така видов дека ќе умре и нашето мало кученце, Тото и тоа пред брат ми“.
Дејвид се разбудил од кома два месеци откако првиот пат бил примен во болница. Некое време бил убеден дека тоа што го доживеал било сон и започнал да се однесува депресивно.
„Се уште не верував, а потоа моето мало куче умре. Точно како што кажаа. Го растргнаа други големи кучиња во куќата на моите родители“.
„Потоа и брат ми почина, како што кажаа тие, наеднаш му дијагностицираа рак на белите дробови во четвртиот стадиум и тумор на мозокот. И почина за четири месеци. Дејвид исто така тврдел дека неговото искуство со смртта успеал да излечи разни болести од кои пател, вклучувајќи и хипертензија, анксиозност и сомнително отекување на мозкот за врем на комата, но многу луѓе не му веруваат“ – пренесува „The Sun“.