Продавница во Бразил продолжила со работа иако вработен починал на работно место.
Телото на работникот што починал во супермаркетот на Карфур било оставено на подот, покриено со чадори и опкружено со картонски кутии.
Инцидентот се случил на 14 август, но излегол на виделина неделава по острите критики на социјалните мрежи.
Менаџерот за продажба Мануел Мојсеј Кавалканте (59) доживеал срцев удар додека бил на работа. Обезбедена е прва помош, но Кавалканте почина во продавницата, се вели во изјавата на Керфур.
„Компанијата погреши што не ја затвори продавницат“ објавија од компанијата.
Локалниот огранок на Француски Карфур, еден од најголемите ланци на продавници во Бразил, објави дека сега ги смени упатствата за однесување во такви случаи и во иднина ќе вклучува и – задолжително затворање на продавницата.