Жена од Колумбија починала по пет часа непрекинат секс при кој земала и дрога. 32-годишната Колумбијка од Кали се пожалила дека не се чувствува добро пред да доживее срцев удар. Нејзиниот партнер повикал итна помош која не стигнала на време. Тој затоа ја завитакал во чаршав и со такси тргнал кон болницата. Таму докторите не успеале да и помогнат и починала набрзо откако е донесена.
Откако дознал дека љубовницата му починала, тој признал дека имале секс пет часа без прекин и дека земале дрога.
Инаку, интересно е што жената имала прекар звер, поради “јакиот карактер“.