Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 76, Кавадарци – 19, Неготино – 9, Прилеп – 6, Велес, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Тетово – по 2 , Битола – 9, Гостивар, Штип, Кичево, Виница , Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 342 оздравени пациенти од:
Скопје – 101 , Кавадарци – 49, Делчево – 45, Охрид и Струга – по 22, Велес – 18, Прилеп – 14, Неготино – 11, Тетово – 7, Куманово – 6, Гостивар, Демир Капија, Свети Николе и Берово – по 5, Штип – 4, Гевгелија , Радовиш и Валандово – по 3, Битола, Струмица, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 2, Кочани и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (76г, 70г, 61г, 58г, 54г ), 2 пациенти од Кавадарци (87г, 78г ), и по еден пациент од Тетово (73г), Куманово (79г), Охрид (66г), Гевгелија (73г), Прилеп (80г) и Неготино (61г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.