Дениз Роша, бразилска манекенка, адвокатка и поранешен советник во парламентот, ја открила својата драматична физичка трансформација откако отвори профил на OnlyFans, социјална мрежа за возрасни.
Манекенката која потрошила 250.000 фунти (околу 286.000 евра) на пластични операции е толку непрепознатлива што не може да си ја обнови возачката дозвола. Таа со обожавателите го споделила „смешниот“ момент кога се обидела да ја обнови возачката дозвола, но тие не ѝ ја дале веднаш бидејќи не личела на себе.
39-годишната манекенка поради својот изглед веќе неколку пати се најде на насловните страници на медиумите, а на Инстаграм ја следат дури пет милиони луѓе. Службениците кои требало да ѝ ја издадат возачката дозвола биле збунети од нејзините значително поголеми усни и новиот облик на вилицата, носот и образите.
„Не веруваа дека тоа сум јас. Ја разбирам нивната работа и знам дека навистина треба да проверат, но тоа беше навистина смешна ситуација и не ја очекував“, рекла Дениз, која морала да го потврди својот идентитет со друг документ. На крајот, им ја покажала картичката од Бразилската адвокатска комора.
„Никогаш не замислував дека ќе морам да поминам низ ова. Знам дека се променив, но да ме прашаат дали сум јас е незамисливо“, додава таа.
За среќа, на крајот сѐ било решено и Дениз успеала да ја добие возачката дозвола, но морала да направи нова фотографија и да направи препознавање на лица.
Дениз „извршила“ три операции на градите, ринопластика, липосукција и „интимна операција“, како и третмани за пилинг на кожата со ботокс и фенол.
„Многу сум задоволна од резултатите и целосно сум убедена дека тоа може да предизвика чудење кај луѓето“, заклучила таа.