59-годишната вдовица Залхиде Шаинова од Кочани, која во градот е позната како жена која чесно си го заработува лебот и која повеќе од 25 години има своја продавница за прехранбени производи, за „Фокус“ открила потресни детали од својот живот.
Настанот кој ѝ го променил животот од корен се случил на 7 ноември, 2020 година, кога околу 22 часот се враќала дома од работа.
„Стигнав пред зградата во која живеам, забележав две лица во кола како седат, ги знам кои се. Како влегов во влезот, други две лица, ме фатија, во рака го држев клучот од влезната врата за да си отклучам дома, започнаа да ме удираат по главата, многу силни удари, последно што паметам беше пресилен удар и како еден од напаѓачите викна – Ја отепа жената“, вели Шаинова, која живее сама во зграда во близина на Центарот за социјални работи, а продавницата ѝ била кај ромското маало.
„Наредното утро, мојата ќерка дознала дека не сум во продавница, се загрижила и веднаш дошла кај мене дома. Ме нашла без свест внатре во станот, напаѓачите со мојот клуч отклучиле, ме внесиле внатре, ме ограбиле и ме оставиле да умрам, тешко повредена, без свест“, вели несреќната вдовица за „Фокус“.
Целата исповед прочитајте ја ТУКА.