Едно момче и три девојчиња на возраст од 18 и 19 години загинаа во страшна несреќа во Србија, кога од непознати причини изгубиле контрола, се превртеле неколку пати и се забиле во бандера.
Сведоците велат дека несреќата била ужасна и дека такво нешто не виделе во животот, а автомобилот кој стои смачкан на улица, деловите од него, парчињата облека и стаклата, само сведочат за трагедијата.
– Се слушна силен звук, мене брат ми ми рече дека имало несреќа. Имаше мртви тела на сите страни исфрлени од автомобилот. Една девојка лежеше на една страна, друга на друга. Двајца мртви имаше во автомобилот, а девојката која возела беше повредена. Беа деца, вели сведок на трагедијата за српскиот Курир.
И една жена сведок раскажува за трорната глетка.
– Не можев да излезам да го гледам тоа, млади мртви деца лежат на патот. Повредената дојде тука и додовме вода, се тресеше, ме праша само дали е жива Сара. Не и кажав ништо не смеев од тага и страв, вели жената за порталот.
На местото на страотната несреќа, во автомобилот се пронајдени фотографии, а на една од нив се гледа и загинатата Сара Л. со другарките.
На фотографијата, направена на една неодамнешна прослава на полнолетството на девојка, се гледа Сара со другарките, со широка насмевка, полна со живот, не насетувајќи дека трагедија ќе и се случи само неколку недели потоа.
Се претпоставува дека една од девојките ја носела фотографијата од прославата неодамна, за да и ја даде на другата за спомен.
Инаку, автомобилот го возела Маја Л., сестрата на загинатата Сара.