Фотографија од убиениот чувар во масакрот во Белград се споделува на социјалните мрежи.
Драган Влаховиќ бил обожаван од учениците во ОУ „Владислав Рибникар“, затоа што и тој секогаш возвраќал на нивната љубов. Како што споделуваат децата и вработените во школото, Драган немал деца, но учениците ги сакал како свои.
Мајка на Инстаграм објави фотографија на која чуварот го носи во раце нејзиниот син со скршена нога до училницата, за да не пропушта од наставата. Фотографијата била споделена и од актерката Милена Радуловиќ, по што се рашири на интернет.
„Чичко Драган Влаховиќ го носи мојот син Вукашин од училница во училница кога си ја скрши ногата за да не губи од наставата, во времето кога после короната се вратија во клупите, во петто одделение“ – пишува на фотографијата.
Драган беше првата жртва на 13-годишниот убиец, кој во него испукал 15 куршуми. Чуварот беше закопан на белградските гробишта пред 5 дена, а за неговата љубов кон децата зборуваа членовите од неговото семејство.
„Секогаш беше вреден, насмеан и подготвен за шала. Несебичен и со големо срце. Особено беше приврзан за децата зашто немаше свои. Некои сегашни студенти рекоа дека чичко Драган ги испраќал насмеан од прво до осмо одделение. Покажа голема храброст ширејќи ги рацете, мислејќи дека ќе успее да го спречи оловото што се движеше кон него и да ги заштити малечките. Фала ти што ни го разубави детството и животот, се радувавме на секоја средба со тебе. Вујко мој, беше мој трет родител. Не можев ни да замислам дека ќе дојде овој ден, дека ќе дојдам, а тебе ќе те нема во дворот…“ рече внукот.