Според некои проценки, во текот на првата прослава на Ноќта на вештерките од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на улиците во областа во Сеул, позната по ноќниот живот, се нашле повеќе од 100.000 луѓе.
На потресните фотографии се гледаат лични работи на жртвите на трагедијата во текот на прославата на ноќта на вештерките во Јужна Кореја.
Чевли, облека, очила, документи и други лични работи на загинатите во стампедото во Сеул се наредени во една сала.
Според некои проценки, во текот на првата прослава на Ноќта на вештерките од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на улиците во областа во Сеул, познат по ноќниот живот, се нашле повеќе од 100.000 луѓе.
Во еден момент стотици се нашле на надолнина во тесна улица, од каде почнале да паѓаат едни преку други. Луѓето не можеле ни напред ни назад, додека масата притискала од сите страни.
Шефот на полицијата на Јужна Кореја изјавил дека контролата на масата во текот на прославата во Сеул била несоодветна – ова е прво признавање на некој службеник дека не направиле се за да ја спречат трагедијата.
Насред се поголемите повици за одговорност, Јун Хи Кеун рекол дека реакцијата на полицијата била разочарувачка и дека чувствува неограничена одговорност за јавната безбедност поради тоа што се случило, пренесува „BBC“.
Ветил дека ќе спроведе целосна истрага.
Јужнокорејските инспектори започнале со прегледување на снимки од повеќе од 50 државни и приватни камери, како и од социјалните мрежи, барајќи одговори на тоа како големиот раст на бројот на посетители на прославата за Ноќ на вештерките довел до трагедијата во која настрадале толку луѓе, пренесува „Reuters“.
Во фаталниот инцидент загинале 155 луѓе, додека уште 152 биле повредени.
Ова е најголема трагедија во Јужна Кореја од 2014-та година, кога потонал траект и се удавиле 304 лица, најмногу средношколци.