Шармантната водителка на Радио телевизија на Србија (РТС), Милица Гацин, беше вистинско освежување кога се приклучи на популарниот квиз „Слагалица“.
За нејзиниот живот со години ништо не беше познато освен тоа дека е мајка. Сепак, во едно од ретките интервјуа, Милица ја отвори душата и проговори за својата голема битка за здравјето што тивко ја водела.
Пред пораѓајот со својата помала ќерка, која сега има 14 г., на Милица ѝ бил дијагностициран бениген тумор. Иако многумина ја советувале да не го чепка, таа сепак го послушала докторот и по неколку години туморот се вратил.
Откако по втората операција го прашала докторот зошто ѝ се случува тоа, тој ѝ одговорил дека тоа се случува затоа што се нервира и како резултат на тоа доаѓа до хормонски дисбаланс, па нејзините гради реагирале така.
Приказната на Милица за „Глорија“, многумина ги освести дека здравјето е најважно и дека мора целосно да му се посветат. После тоа, водителката ги променила своите животни навики и сега води поздрав начин на живот. Со текот на годините успеала да се ослободи од сè што ѝ било токсично, вклучувајќи го и лошиот брак кој доживеал крах при првиот животен бродолом.
– На дваесет години не знаев апсолутно ништо, на триесет бев нешто попаметна, но и понатаму делував непромислено. И потоа, така вклопена во стереотипот, ужасно се трудев да му угодам на првото дете, на второто дете, на мојот сопруг. Не излегував од кујната со часови, со денови. Се трудев сè да биде совршено. И знаете што се случи? При првиот животен проблем се заврте и си замина. Рече:
„Не можам повеќе вака, мене ми е тешко“ – изјави Милица за „Хело магазин“.
Водителката денеска живее исполнето, насмеана и среќна, грижејќи се за своето здравје, кариерата и ќерките.