Глумицата Аманда Бајнс (36) која беше најголема тинејџерска ѕвезда во 2000-тите, е задржана во психијатриска установа откако била пронајдена гола на улица.
36-годишната актерка која со години има проблеми со зависности, но и со законот, во недела наутро била забележана низ улиците на Лос Анџелес, сама и без облека.
Според TMZ, актерката застанала возач на улицата и му рекла дека имала „психотична епизода“.
Актерката веднаш била однесена во полициска станица, а поради нејзината состојба, присилно е задржана во ментална установа.
Според изворите, актерката не е повредена и ќе биде под медицински надзор неколку денови.
Поради проблематичното однесување, но и проблемите со биполарното растројство и зависностите, мајката на Аманда имаше легално старателство над неа – исто како случајот со Бритни Спирс.
Мајка ѝ го доби старателството во 2013-та, кога Аманда беше присилно однесена во психијатриска установа поради испад во јавност.
Вереникот, пак, по инцидентот во неделата, сподели дека Аманда е таа која престанала да ги пие лековите:
„Престана да ги пие лековите и уште не ги пие. Таа е дива“.
Претходно таа беше апсена за бројни прекршоци, вклучувајќи возење во пијана состојба и фрлање предмети од нејзиниот стан во Менхетн.
Аманда стана светски позната уште пред да наполни 18 години. Во раните 2000-ти ја имаше главната улога во некои од најпопуларните тинејџерски филмови, вклучувајќи ги Hairspray, She’s the Man и Easy A.