На македонската фудбалска репрезентација денеска во Франкфурт ѝ падна „групата на смртта“ во ждрепката за новите евроквалификации за Еуро 2024. Нашиот национален тим го доби најтешки можни противници, финалистите од последното Европско првенство на кое дебитиравме, Италија и Англија, како и селекциите на Украина и Малта.
А: Шпанија, Шкотска, Норвешка, Грузија, Кипар
Б: Холандија, Франција, Р. Ирска, Грција, Гибралтар
Ц: Италија, Англија, Украина, МАКЕДОНИЈА, Малта
Д: Хрватска, Велс, Ерменија, Турција, Летонија
Е: Полска, Чешка, Албанија, Фарски Острови, Молдавија
Ф: Белгија, Австрија, Шведска, Азербејџан, Естонија
Г: Унгарија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Литванија
Х: Данска, Финска, Словенија, Казахстан, С. Ирска, Сан Марино
И: Швајцарија, Израел, Романија, Косово, Белорусија, Андора
Ј: Португалија, БиХ, Исланд, Луксембург, Словачка, Лихтенштајн
Термините за мечевите во евроквалификациите се 23-25 март (1. коло), 26-28 март (2. коло), 16-17 јуни (3. коло), 19-20 јуни (4. коло), 7-9 септрмври (5. коло), 10-12 септември (6. коло), 12-14 октомври (7. коло), 15-17 октомври (8. коло), 16-18 ноември (9. коло) и 19-21 ноември (10. коло).
Првите две селекции од секоја група одат на Еуро 2024, каде директно е пласиран домаќинот Германија, а останатите три селекции ќе бидат познати после баражите од трите дивизии од А до Ц во Лигата на нациите.
ЕП ќе се одржи на десет стадиони во Германија, во периодот меѓу 14. јуни и 14. јули 2024 година, а финалето ќе се игра во Берлин.