” Деновиве откако сум хоспитализирана заради коронавирусот, сандачето на електронската пошта ми е преплавено со едно исто прашање: дали сега ти е подобро?
Сè уште не знам што да одговорам“, пишува новинарката Фиона Ловенстајн за New York Times.
” Иако поддршката од пријателите, семејството, колегите и многу странци ме прават среќна, тешко е да се помирам со задоволството од моето закрепнување сè додека некои симптоми уште ме мачат, како и можниот начин на зараза, и мислите околу тоа дали може мојата состојба нагло да се влоши како кај некои.
Позитивна дијагноза добив на 17 март, па не знаев што можам да очекувам. Многу работи околу овој вирус не ни се познати, а некои од симптомите кои ги имав, како што се проблемите со варње и губиток на мирис, дури сега се идентификуваат како симптоми. Сè уште не знаеме за долгорочните влијанија врз здравјето, имунитетот, колку долго заразените пациенти остануваат заразни, или како изгледа заздравувањето.
Кога за прв пат се вратив дома од болницата, се чувствував како да сум сама во процесот на заздравување. Сакав информации и да се поврзам со други кои го споделија моето искуство, па затоа започнав група за поддршка на Интернет за луѓе кои имаат симптоми Ковид-19 или се опоравија од вирусот“.