Македонската фудбалска репрезентација немаше среќа во ждрепката за бараж мечевите за Светското првенство во 2022 година во Катар. Избраниците на селекторот Благоја Милевски на 24 март ќе се му гостувааат на актуелниот европски шампион, репрезентацијата на Италија.
Доколку го минеме полуфиналето, во финалето ќе се соочиме со подобриот од пресметката меѓу Португалија и Турција.
Три селекции ќе обезбедат пласман на Светското првенство по одиграните бараж средби на крајот на март следната година.
ГРУПА А
Шкотска – Украина
Велс – Австрија
ГРУПА Б
Русија – Полска
Шведска – Чешка
ГРУПА Ц
Италија – МАКЕДОНИЈА
Португалија – Турција