Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески преку својот Фејсбук профил на државата и го стави на располагања целокупниот свој капацитет од 280 кревети кои се во рамки на Adventure Park & Restaurant Woodland, односно популарната Шула Мина, без надоместок за целите и потребите на здравствениот систем.
“Во ова кризно време невреме за мојот народ и мојата Македонија, по трет пат (сега веќе јавно) ги известувам Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë / Венко Филипче / Zoran Zaev дека го ставаме на располагање целокупниот капацитет (280 кревети) на Adventure Park & Restaurant Woodland (популарната Шула Мина) во Крушево, на здравствениот систем, без надоместок!!!
Објектот се наоѓа во боженствена природа, а започнал да постои за време на Првата светска војна како кислородна бања за болни од туберколоза! Бидејќи лично јас и моето семејство, поминуваме низ корона пеколот, точно знам што им е потребно на болните! Таму само да престојуваш два дена, пневмонијата ќе исчезне од кислородот од Беговата / Крушевската Корија!
Нема потреба да градите нови монтажни болници и да трошите милиони од овој напатен народ!!! Купете само нафта /нешто имаме ние/, донесете медицински персонал заедно со семејствата и нека се лекува нашиот народ! Бидејќи јас и членови на моето семејство, за кратко ќе имаме имунитет на корона, доброволно се пријавуваме да волонтираме и да помагаме на лекарите и на болните!!!
Ако сметате за потребно, тука сме!!!
Вие си знаете!!! “ напиша Богојески.