По обезбедениот пласман на Франција во големото финале на СП, претседателот Емануел Макрон, не можеше да се воздржи, па по натпреварот се симна до соблекувалната да прослави со играчите.
Но она што ги импресионира останатите навивачи е што Макрон беше во посета и на соблекувалната на Мароко. Претседателот на Франција ја искористил шансата да оди и да им честита за успехот што стигнаа до полуфиналето.
Во таа прилика, Макрон го пофали играчот од средниот ред на Фиорентина, Софијан Амрабата пред сите марокански играчи и му порача дека тој е најдобриот играч за врска на целото првенство, што несомнено е голема чест за овој играч и одличен потег на првиот човек на Франција, кој потврди дека спортот ги надминува сите граници и ги зближува луѓето.
Макрон им посакал среќа на Мароканците во битка за третата позиција, меч кој го играат против Хрватска, која веќе има бронза од 1998 година во Франција.