Хрватските власти предмалку го потврдија првиот случај на заразен со коронавирус.
Станува збор за младо лице кое е сместено на Клиниката за инфективни болести во Загреб.
Веста ја соопшти хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на вонредна прес-конференција. Тој рече дека момчето се чувствува добро, а вирусот е во поплага форма.
Заразеното момче престојувало во Милано помеѓу 19 и 21 февруари.
Хрватските здравствени власти најавија дека сега ќе се фокусираат на лицата со кои момчето било во контакт по враќањето од Италија.
Според хрватските власти изминатиов период голем број нивни граѓани престојуваа во северна Италија, така што се претпоставува дека е само прашање на време кога ќе се констатира првиот заболен. Токму затоа денеска во Загреб се одржа и итен состанок на здравствените власти за тоа какви дополнителни мерки треба да се преземат да се спречи евентуалното ширење на вирусот.