Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата 14 години помлада девојка Хана Хуљиќ ќе станат родители.
Среќната вест ја потврди Мартина Подгорски, ПР-менаџерката на популарниот пејач.
– Информациите за бременоста на Хана Хуљиќ се точно. Семејството и пријателите се многу среќни. Како што знаете Хана и Петар и понатаму ќе се трудат, колку што е можно, да ја сочуваат својата интима подалеку од очите на јавноста. За венчавка, сѐ уште немаат планови – рекла Мартина Подгорски, пишува хрватски „24сата“.
Кон крајот на минатата година се шпекулираше дека парот планира свадба, а потоа се пишуваше дека Хана веќе знаела кој ќе ја дизајнира нејзината венчаница.
Двојката пред неколку дена била видена како се шета по западниот брег на Сплит во друштво на мајката на Хана, Вјекослава Хуљиќ, а изгледале добро расположени.
„Ние сме многу среќни и задоволни. Така треба да биде. Хана е многу добра и ние сме среќни“, изјавил неодамна пејачот во едно интервју. „Ние ги живееме нашите животи и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат спокојни“, додаде тој.
Потсетуваме, дека нивната врска стана позната во октомври минатата година. 45-годишниот пејач и 14 години помладата Хана во 2016 година соработуваа на песната „Heart for a Guide“, а Грашо со години е многу близок со нејзините родители кои не кријат дека ја поддржуваат нивната врска.
Грашо пред 24 години беше во врска со Даниела Мартиновиќ.