Леонардо Дикаприо има нова дама во својот живот, а во прашање е манекенката Виторија Черети, пишуваат странските медиуми.
Парот бил забележан на неколку средби во САД, но и во странство во последните месеци, а тоа предизвика шпекулации за тоа дали тие се во летна шема, а сега е потврдено дека се заедно, пренесува „PageSix“.
Дикаприо и Черети првпат беа видени во јавност кога заедно беа излезени во Ибица на 9 август.
Инаку велат дека актерот е забележан како ја поддржува Черети во странство, односно додека оваа недела шетала на модните писти во Милано.
Манекенката предходно била мажена за њујоршкиот диџеје Матео Милер.