Кирил Лазаров ќе биде нов селектор на македонската ракометна репрезентација. Она што јавноста го очекуваше, првиот човек на македонскиот ракомет, Живко Мукаетов денеска го потврди на официјална прес-конференција.
Лазаров првично ќе добие една година на кормилото на националниот тим, па потоа откако ќе добие Мастер Коуч лиценца, ќе добие уште 4 годишна соработка со РФМ.
„Се договоривме со Кире Лазаров тој да биде нов селектор – тренер на машката ракометна репрезентација, во период од една година додека ја добие мастерс-коуч дипломата. Потоа тој ќе добие четиригодишен договор како селектор. За мене е чест и привилиегија да ви ја соопштам таа вест, бидејќи ова е голем ден за македонскиот ракомет. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе ги биеме битките за македонскиот ракомет…“– истакна Живко Мукаетов на онлајн прес-конференцијата со македонските медиуми.