Министерот за здравство, Венко Филипче, во синоќешното интервју на „360 степени“ рече дека во Грција ќе може да се влезе со потврда за примена на која било вакцина против ковид-19, но како алтернатива ќе биде и влез со негативен ПЦР-тест.
“Разговарав со министерот за здравство од Грција и го прашав дали ќе има некаква селекција по однос на вакцините, но рече дека нема да има. Односно дека потврда за примена која било вакцина ќе биде еден од начините да се влезе во Грција, алтернативно на тоа ќе биде влез со негативен ПЦР-тест, но и тестирање на граница по случаен избор со брз антигенски тест“, рече Филипче.
Грција најави дека од 14 мај ќе ги отвори границите за туристи, а таму ќе може да патуваат и државјани на Македонија. Освен можноста за влез со потврда за вакцинација против ковид или приложување на негативен ПЦР-тест, веројатно на граничниот премин ќе има проверка и со антиген брз тест по случаен избор на патниците.
Во однос на условите за влез во останатите земји-членки на ЕУ нема одлуки, но има одредени најави.