Речиси еден месец по неговата смрт, потврдено е од што починал принцот Филип.
99-годишникот починал од старост, потврдија лекарите, пренесува „Телеграф“.
Потврдата за смртта е потпишана од Сер Хав Томас, раководител на Кралската медицинска служба.
Сер Хав Томас се грижеше за војводата од Единбург и кралицата Елизабета од 2014 година.
Филип, кој во јуни ќе наполнеше 100 години, во последните години беше измачуван од голем број здравствени проблеми. Тој се повлече од јавната функција во 2017 година.