Познатата италијанска инфлуенсерка и сурферка Џулија Манфрини трагично загина додека сурфаше на островите Ментаваи во Тихиот Океан.
Несреќата се случила во петокот наутро, околу 9:30 часот, кога сурфајќи ја усмртила сабјарка.
Според информациите од локалната полиција во Сиберут, откако рибата ја пробола, Манфрини се обидела да повика помош мавтајќи со рацете.
Двајца сведоци, Алехандра Рибас и Масимо Феро, брзо дошле напомош и успеале да ја вратат на брегот. Таа итно била пренесена во здравствениот центар Пеи Пеи Пасакиат Таилелеу, но за жал, младата жена не можела да се спаси. Повредите со кои ги добила Манфрини сепак биле премногу сериозни. Таа починала во болница кратко време подоцна.
Џулија Манфрини имаше 36 години и по потекло од Венарија, во Пиемонт. Дипломирала право, но одлучила животот да им го посвети на адреналинот, снегот и морето.