Апликацијата која ќе биде наменета за „ковид-пропусница“ сè уште не е пуштена, но хартиените документи се сосема доволни за влез во Грција, порача денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
„ Граѓаните треба да знаат дека тоа не е никаков ограничувачки фактор, и сегашните документи се сосема доволни за влез. Тоа е само една дополнителна алатка при што европските земји ја шират мрежата на институции кои даваат соодветни документи и тоа е суштината на таа апликација. Сите наши лаборатории кои се акредитирани, се практично прифатени. Меѓутоа и самите хартиени документи и ПЦР тестовите се сосема доволни за влез во Грција“,рече Филипче.