Психологот Зик Рубин верува дека романтичната љубов се состои од грижа, интимност и наклонетост. А дали некогаш сте размислувале дали е можно некого да „натерате“ да се заљуби во вас?
Постои формула
На повеќето луѓе им е познато чувството на невозвратена љубов, всушност повеќе заљубеност во некого. Тоа е моментот кога размислуваме зошто не се чувствуваме исто во истиот момент. Значи, дали е можно таа личност во која сте заљубени да се заљуби во вас?
Клиничкиот психолог Боби Вегнер вели за Mind Body Green дека присуството на привлечност, страст и приврзаност може да ги натера луѓето да се заљубат.
„Привлечноста е: љубопитност, интерес или сочувство за некого“, објаснува таа, пренесува „The List“.
Иако овие елементи играат улога во тоа таа личност да се заљуби во вас, важно е да не се преоптоварувате, се треба да си дојде природно. Еве неколку начини на кои можете да „помогнете“ на некој да се заљуби во вас.
Комбинација на однесувања
Постои комбинација на однесувања кои експертите ги препорачуваат за да ви помогнат да ја свртите вагата во ваша корист во вашата потрага по љубов. Авторот и експерт за човечко однесување Дејвид Либерман се осврнува на „законот на недостигот“. Исто така, има одредена придобивка да се биде помалку достапен од време на време.
Одржувањето контакт со очите со личноста, покажувањето на вашата ранлива страна, изразувањето интерес за поддршка на нивните соништа се сите предлози за потенцијално да си дадете шанса за љубов.
Бидете особено заинтересирани за приказните, поставувајте прашања и одговарајте внимателно. Честата насмевка и допирање на личноста исто така може да оди во ваша корист, но без претерување.