Норвешката смрека од 23,5 метри, купена како фиданка пред 60 години, е поставена во центарот Рокфелер во Њујорк како најава за претстојните божиќни празници. Дрвото е пресечено во четвртокот и со кран натоварено на камион. Церемонијата на осветлување на украсните светилки ќе се одржи на 4 декември.
Шулц и нејзиниот придружник Ричард О’Донел се пријавија на веб-страницата на Рокфелер Центарот во 2010 година и го “кандидираа ” дрвото. Пред неколку месеци, дознаа дека токму нивната смрека е избрана за најпознатата новогодишна елка на светот.
Ланската елка, исто така, норвешка смрека, беше висока 23 метри и тежеше 17 тони.
Првата елка пред центарот Рокфелер е подигната во 1931 година, за време на изградбата на Центарот, кога работниците собрале пари и купиле елка висока шест метри, што потоа ја украсиле.
Две години подоцна, Центарот Рокфелер одлучи да направи традиција од тоа и го одржа првото официјално осветлување на елката во 1933 година.