Изминативе месеци во француските и шпански медиуми се шпекулира дека не е сè прекрасно во бракот на фудбалерот Серхио Рамос (37).
Наводно, неговиот однос со водителката Пилар Рубио (45) е во криза по 11 години љубов.
Парот одредено време се гледал, тогаш кога потврдиле дека се во врска на доделувањето на Златната топка 2012 година. После долга и складна врска, се венчале во 2019 година, а во текот на изминатите 11 години добиле четири деца.
Иако нивниот дом наизглед е како идила, сепак шпанските медиуми во последно време пишуваат дека нив повеќе не им цветаат рози.
За таквите наводи придонесува и тоа што повеќе не споделуваат заеднички фотографии на Инстаграм, заедно не ги поминале празниците, а исто така Рамос не присуствувал на големата прослава на роденденот на Пилар.
Шпанските медиуми се обиделе да откријат што се случува, а новинарите Лаура Фа и Лорена Васкез во поткастот „Mamarazzi“ тврдат дека проблемот во односот произлегува од нејзиниот личен проблем со неговото семејство. Наводно тие не се согласуваат со години, но не е познато што го предизвикало тој нивен лош однос.
Според нивните зборови, Пилар има проблеми особено со сестрата на Рамос, Мирјам.
Фудбалерот и водителката сè уште не се огласиле по овој повод.