Состојбата со коронавирусот во земјава е стабилна, а бројот на новозаразени, хоспитализирани и починати не бележи раст, коментира за „Слободен печат“ доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
Тој додава дека доколку ситуацијата продолжи да се развива со истиот тек, за очекување е на некоја од наредните седници на Комисијата да се укинат целосно рестриктивните мерки кои се на сила, поточно сертификатите за вакцинација кои се бараат при влез во угостителски објекти.