Приказната за Палестинецот Џихад ал-Суваити (30) потресе многумина низ целиот свет.
Откако неговата мајка била хоспитализирана заради коронавирус и посетите не биле дозволени, тој седнал на прозорецот на болницата за да ја гледа.
Расми Суваити (73) починала минатиот четврток, непосредно по „посетата“ на нејзиниот син.
На овој необичен, но и тажен начин, Џихад се збогувал од својата мајка.
„Седев беспомошно пред прозорецот на собата за интензивна нега, ги гледав нејзините последни моменти“, изјави тој за локалните медиуми.
„Џихад е најмалото дете и беше многу близок до нашата мајка, особено по смртта на татко ни пред 15 години. Нашата мајка страдаше од леукемија, а пред неколку недели ѝ беше дијагностициран ковид-19. Кога дозна за нејзината смрт, Јихад беше многу лут и вознемирен. Но, сега се чини дека се помири со тоа“, рекол неговиот брат Расми.
Иако посетите во болницата биле забранети, човекот не се откажал, барем на овој начин, секој ден да проверува како е неговата мајка.
Неговата фотографија се појави на социјалните медиуми минатата недела и предизвика бројни реакции.
По смртта на неговата мајка, еден карикатурист му посветил и илустрација.