Мајкл Џексон почина на 25 април 2009 година на 50-годишна возраст. За неговата смрт бил обвинет неговиот доктор.
Гостувајќи кај водителката Опра Винфри во 1993 година пејачот раскажал дека има нарушување кое се нарекува витилиго.
„Тоа е нешто за кое нема лек“, изјавил тој и додал дека само користи шминка за да ги прикрие дамките предизвикани од витилигото и дека никогаш не ја избледувал својата кожа.
„Кога луѓето измислуваат приказни дека сакам да бидам тоа што не сум, тоа ме боли. Тоа е мој проблем затоа што не можам да го контролирам. Но, што е со милионите луѓе кои седат на сонце за да потемнат, за да станат поразлични од она што се? За тоа никој не говори“.
Мајкл се соочувал со обвиненија за силување на 13-годишно момче што поприлично го нарушил неговиот имиџ. Тој се свртел кон дрогата за да заборави на сите проблеми од минатото и болките од операцијата и повредите, вклучувајќи ги и тешките изгореници со кои се здобил во 1984 година додека ја снимал рекламата за „Пепси“.
Во 2005 година се повлекол од јавноста, а загрижувачките приказни продолжиле да кружат, како на пример дека должи 100.000 долари на аптека во Беверли Хилс за лекови кои се издаваат на рецепт.
Кога се дознало дека починал, почнале да се шират разни теории за причината за смртта, а биле потребни месеци за да се дознае дека Мајкл починал во својот дом во Лос Анџелес откако консумирал фатална комбинација на лекови која му ја препишал личниот доктор Конрад Мареј. Мајкл во 2009 година најавил 50 концерти во Лондон, но сепак смртта го спречила во тоа.
Ден пред смртта, Мајкл бил на проба. Планирал турнејата да ја започне наредниот месец во арената во Лондон, а вежбал до полноќ. Кога завршил, ги прегрнал танчарите, се заблагодарил на екипата и се вратил дома.
Во раните утрински часови на денот на смртта пејачот се пожалил на личниот доктор дека не може да спие, а Конрад му дал низа лекови кои требале да му помогнат да заспие.
Само неколку моменти подоцна, Мареј сфатил дека Џексон не дише. Осум месеци по смртта, истражувачите го обвиниле Конрад за убиство од незнаење. Тој бил прогласен за виновен во 2011 година и испратен во затвор, отслужил затворска казна од две до четири години.
Обдукцијата подоцна открила дека пејачот имал ужасни рани и лузни по целото тело. Поради анорексијата консумирал само еден мал оброк дневно, а обдукцијата во неговиот желудник нашла само многу таблети.
Коса немал, само перика и истетовирани шишки и веѓи, а усните ги тетовирал во црвена боја. Целата кожа му била „прошарана“, што потврдило дека тој навистина пател од витилиго.