Влатко Николовски преку својот Фејсбук профил информираше дека пет малечки и две постари срни се убиени во близина на Ранковце.
“Последниот скок на мајката СРНА…
Скокна врз последното срнче, кое немаше ни 40 дена. Се уште со млечни заби. Пуста мајкина љубов се надеваше дека барем едно ќе спаси, другите 4 беа веќе мртви, а топла крв испаруваше. Мирисот на топлата крв на срнчињата не се чувствуваше, го надвладеа мирисот на смрдливиот здив од немиените усти на здивените пијаници, засилени со оние кои ги плаќа државата за да не се случува ова. Возбудено викајќи еден кон друг, смрдливите здивови засилени со смрадот на потта од одамна небањатите тела, најважно им беше, покажувајќи си меѓу себе каде им избега срндакот – татко, за евентуално да не преживее во таа општа пукотница, викање од радост за секое убиено срнче, како голем трофеј во нивниот беден живот. Не стигна до последното срнче, куршумот од службениот пиштол беше побрз од мајкината љубов. Застана мајката СРНА, сеедно и беше, гледајќи во цевката од пушката насочена кон неа. Беше мртва пред да падне на земјата, овој пат го престигна куршумот, срцето и пукна пред куршумот да го разнесе и она малку што од нејзиното срце беше останало.
Во исто време, 4 километри подолу, авторот на овој текст, кој уште дента на телефон пријави дека се спрема убивањето, се расправаше во Полициското Одделение Ранковце, барајќи да ја потпише пријавата која ја даде телефонски, со полицаец кој на највулгарен начин, пред двајца штотуку примени колеги, се дереше како луд: ЕБАЛЕ ТЕ АДВОКАТИ, МАЈМУНЕ ЈЕДАН… Силен беше, знаеше дека убијците се од двете партии и дека за пусти гласови ќе нема ни увид, ни понатамошни дејствија. Паднаа првите жртви на сеуште неодржаните избори …“ напиша Влатко Николовски на својот Фејсбук профил.