Двете мали островчиња во Балтичкото Море се посебни во една работа – таму жените сè уште имаат предност, а мажите „седат во вториот ред“. Последното матријархално општество во Европа на естонските острови Кихну и Манија, исто така, ја заинтригирала норвешката фотографка Ана Елена Гjелштад, која ги објави своите записи во книгата „Големо срце, силни раце“
Врските на островите Кихну и Манија беа дефинирани пред многу години кога мажите го напуштија островот неколку месеци за да ловат риба и да моржови, а жените се грижеа за сè – семејството, земјата, домаќинството, одржувањето традиции …
Островот Кихну се наоѓа во источниот дел на Балтичко Море. Долг е само седум километри и широк 3,3 километри. Се проценува дека има околу 300 жители во текот на целата година. Соседниот остров Манија бил ненаселен сè до 1933 година, кога на него се преселиле околу 80 луѓе од островот Кихну.
Фотографката Ана поминала дури 11 години фотографирајќи го животот на постарите жени на островите Кихну и Манија и се надева дека нејзината книга ќе послужи како запис и ќе помогне во зачувување на иднината на оваа уникатна култура на тие острови.
-Од 2008 година ги портретирав животите на овие стари жени на малите естонски острови на Балтичко Море, пишува Ана во предговорот на нејзината книга и продолжува да ги опишува овие жени со живописно, интересно и пријателско расположение.
-Тие претставуваат култура и начин на живот што се менува и покрај силната традиција. Овие жени се навикнати да работат напорно и вредно и се грижат скоро за сè. Тие воспитуваат деца, прават облека, ораат полиња, возат трактори и се грижат за животни. Мажите се надвор од дома поголемиот дел од времето: риболов, работа на копно или во странство. Животот е често тежок, но никој не се жали и тука е нормално. Тие го прават она што треба. Тие имаат големо срце и силни раце, додава авторот.
Бракот и мајчинството се високо ценети на овие острови, а само мажените жени имаат право да носат традиционална престилка. Поради тоа, многу туристи доаѓаат да ги видат на лето, пишува „Daily Mail“.