Легендата на хрватскиот фудбал Мирослав Чиро Блажевиќ пред две недели прошета низ центарот на Загреб, а уште тогаш изјави дека не се чувствува добро и дека знае дека нема шанси во оваа борба. „Тренерот на сите тренери“ не напушти пред својот 88. роденден.
„Извини сине, не излегувам повеќе. Уште одам на инфузија. Брат ми ме води, а јас брзо се изморувам. Морам да одмарам на секои пет метри“, изјави за „Вечерњи лист“ Мирослав Чиро Блажевиќ на 26 јануари, а две недели подоцна почина на 87-годишна возраст. Беше на еден ден од неговиот 88 роденден, тоа беше неговата последна прошетка во неговиот сакан град.
Инаку, Чиро Блажевиќ почина на 87-годишна возраст по долга борба со ракот. Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, двапати ја победи, но третиот пат, за жал, не успеа. За два дена требаше да го прослави својот 88 роденден.
Официјално, тој е роден на 10 февруари, но објаснил дека татко му останал во кафуле до доцна, па го пријавил еден ден подоцна.
„Толку сум болен… Толку ми е тешко. Оваа еб*на болест ме обзеде. Се мачам, патам. Многу ме боли, тоа е тоа“, изјави тогаш Чиро.
Фото: Vecernji list