Последната песна со Андреј… Јас до вечерва неможев да слушам музика, неможев ни на facebook да гледам ништо… Уште неможам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот, цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов, напиша на социјалните мрежи долгогодишниот другар и соработник на Андреј, Раде Врчаковски – Врчак.