Денеска се изврши кремирањето на телото на глумицата Неда Арнериќ која почина минатиот петок. Урната со посмртните остатоци била положен во Алејата на заслужните граѓани во Белград. Сите присутни упатија громогласен аплауз додека се спушташа урната во гробот.
На погребот дошле многубројни колеги и пријатели на глумцацта како Аница Добра, Мики Манојловиќ, Добравка Јовановиќ, Бане Трифуновиќ..
Инаку, Неда Арнериќ остави аманет да биде кремирана и погребана во гробиштата на заслужните граѓани на Белград, покрај својот трет сопруг, докторот Милорад Мештеровиќ кој почина на крајот на 2018 година. Пред два дена се одржа комеморацијата во Југословенската кинотека на која беа присутни бројни колеги на Неда Арнериќ.
Инаку, според полицијатаа, иако претходно глумицата два пати се обидала да се самоубие, во овој случај немало траги на самоубиство.
фото: Ало.рс