Ирина Шајк и Бредли Купер повторно беа фотографирани заедно додека се шетаа со 5-годишната ќеркичка Леа во Њујорк. Слаткото девојче беше маскирано во ѓаволче.
Инаку, Ирина и Бредли беа во врска од 2015 до 2019 година, но и по разделувањето останаа блиски пријатели. 36-годишната манекенка и 47-годишниот актер на крајот на август заминаа на семејно летување со ќерката Леа и започнаа гласини дека се смириле.