Портал Икс“ дојде до снимка од надзорните камери на која се гледаат возилата во кои најверојатно била превезена 14-годишната Вања Ѓорчевска по нејзиното киднапирање.
Според новинарот Фуркан Салиу, на видеата се гледа кога и како девојката дошла во селото Бразда и точното време кога било запалено возилото.
На видеото се гледа дека во „цитроенот“ имало возач и сопатник, но и дека задниот дел од возилото изгледа празен, иако се гледа нешто што наликува на бела торба. Автомобилот брзо се движи по калливиот пат, а јасно е дека киднаперите се надвор од урбаниот дел на градот. Со автомобил се упатиле кон Визбегово, каде само два часа подоцна го убиле девојчето.
Новинарот Салиу презентираше и друго видео на кое се гледа црн чад од селото Бразда, кај Визбегво, каде што беше пронајден запалениот автомобил со кој беше киднапирана Вања Ѓорчев