Младата мајка Софија се породила во Њујорк, а по породувањето објави видео на Тикток кое сите го коментираат.
Откако се породила, од породилиштето добила подарок – пакет за шминка од луксузниот бренд Шанел.
“Кога ќе се породиш во Корнел во Њујорк, ти ја даваат оваа шанел-чанта со шминка – објаснува Софија во видеото во кое ја покажува содржината на чантата во која се наоѓаат подароците.
Како што вели, заборавила да го отвори подарокот во породилиштето, па го направила тоа дури кога се вратила дома, а сè снимила со камера.
Во видеото кое има околу два милиони прегледи, Софија вади од торбата шише парфем вредно 90 долари, потоа кармин кој чини 45 долари и маскара 38 долари, пренесува NY Post. Заедно со подарокот, таа добила и картичка од „Шанел“, во која има пофалби за Одделот за акушерство и гинекологија за грижата за здравјето на жените.
Ако се прашувате зошто пакетите „Шанел“ се делат во породилиштата, еве го одговорот: во мај 2004 година, болницата Корнел доби 1,5 милиони долари од Шанел за „извонредни достигнувања во акушерството и гинекологијата“, а оттогаш модниот гигант им дава посебен подарок производи за убавина и нега на кожата на сите жени кои се пораѓаат во оваа болница.