Полицијата во италијанскиот град Бреша пронашла распарчено тело на порно ѕвезда во канти за ѓубре покрај патот.
Керол Малтезе (26), која работеше под уметничкото име Шарлот Енџи, глумеше во бројни еротски филмови и имаше свој налог на страницата за возрасни (OnlyFans). Таа имаше едно дете.
Последен пат била видена жива во јануари во близина на нејзиниот дом во Рескалдина во близина на Милано, Италија. Нејзиниот сосед, кулинарски блогер Давиде Фонтана (43) е доведен на испрашување.
Полицијата го пронашла нејзиното распарчено тело во неколку вреќи за ѓубре пред десет дена во Борно кај Бреша. Се верува дека остатоците биле чувани во замрзнувачот пред да бидат фрлени покрај патот, бидејќи почнале да се топат на топлото пролетно сонце.
Детективите успеале да ја идентификуваат благодарение на шест од 12-те карактеристични тетоважи што ги имала на нејзиното тело.
Полицијата го уапсила Фонтана откако сообраќајните камери го снимиле неговиот автомобил во областа Борно, а Фонтана отишил во локалната полициска станица нудејќи „информации“ кои биле толку неубедливи што предизвикале сомнеж.
Керол, која имала шестгодишна ќерка, се свртела кон индустријата за возрасни за време на изолацијата за да врзе крај со крај и наводно заработувала и до 10.000 фунти месечно.
Таа започна врска со нејзиниот сосед Фонтана на почетокот на годинава, но се зборува дека двајцата раскинале.
Фонтана на полицијата и кажал дека ја убил по расправија и го запалил лицето за да го скрие идентитетот пред да го распарчи нејзиното тело и да го сокрие во вреќи за ѓубре во замрзнувачот.
На почетокот на месецов Керол требаше да учествува на еротскиот фестивал во Милано, но таа не се појави.
Откако ја убил, Фонтана продолжил да го користи телефонот и и праќала пораки на мајката на нејзината жртва во која наведува дека „ја оставила порнографија“, но таа била премногу зафатена да објасни зошто.
Тој дури им одговори на загрижените обожаватели кои ги препознаваа тетоважите испраќајќи им пораки во кои се преправаа дека е Керол: „Да, тетоважите изгледаат како мои, но добро сум“.
Фонтана на полицајците им кажал дека ја убил со чекан после секс затоа што се расправале.
На почетокот на оваа година, Керол на Интернет објави видео во кое зборува против насилството врз жените, велејќи дека „не се работи само за физичко, туку и за психичко насилство“.
Обвинителката Лорена Џибаудо рече дека осомничениот го признал делото откако бил соочен со докази.
„Го користеше нејзиниот телефон, па дури и ѝ плаќаше кирија за да изгледа како да е сè уште жива, но во реалноста ја убил и и го распарчил телото“, изјавила Џибаудо.