Порно актерката Сторми Даниелс ја загуби жалбата против одлуката да го тужи Доналд Трамп и сега треба да му плати на поранешниот претседател на САД 300.000 долари за судски трошоци.
„Нема да платам ни денар, побрзо ќе одам во затвор“, напиша Даниелс на Твитер во понеделникот. Трамп, пак, ја пофали пресудата на апелациониот суд, која често ја критикуваше како претседател и рече дека тоа е „целосна победа“.
Тужба за клевета
Тогашниот адвокат на порно ѕвездата Мајкл Авенати го тужеше Трамп во 2018 година во нејзино име за клевета. Даниелс, која всушност се вика Стефани Клифорд, рече дека Авенати ја поднел тужбата без нејзина дозвола.
„По поднесувањето на тужбата, адвокатите на Трамп го нападнаа Авенати, а јас станав жртва на адвокатските трошоци“, рече Даниелс.
„Тажно е што предатор како Трамп отворено се фали дека напаѓа жени, станува претседател и сепак добива парична награда за лошо однесување“, додаде таа.
Мајкл Коен, адвокатот на Трамп во 2016 година, му платил на Даниелс 130.000 долари пред претседателските избори да не зборува јавно за сексот со Трамп во 2006 година, пишува NBC News.
Трамп постојано негираше дека спиел со Даниелс, што го повтори и во понеделникот.