Ѕвездата во филмови за возрасни Рон Џереми е префрлен во болница за душевни заболувања откако беше прогласен за неспособен на судењето за силување и другите обвиненија, соопшти вчера Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес.
Џереми (69) е обвинет за повеќе од 30 точки за сексуален напад, вклучувајќи и 12 случаи на силување во областа на Лос Анџелес во период од 23 години. Тој се изјасни за невин, беше прогласен за ментално неспособен да му се суди и потоа е предаден во државна установа за психички нарушувања.
Сослушувањето за напредокот на Џереми е закажано за 8 мај. Тој може да биде задржан в болница до две години, изјави Грег Рислинг, гласноговорник на обвинителството.
Џереми е меѓу најголемите имиња во порноиндустријата, со над 2.000 филмови зад себе.