Поранешната порно ѕвезда Џена Џејмисон третпат стапи во брак, овојпат со жена.
Таа објави дека и кажала да на својата девојка Џеси, која е девет години помлада од неа, минатиот месец во Лас Вегас.
Ја посакуваа многу мажи ширум светот, а на јавноста и откри дека е бисексуалка во 2004 година, а потоа во едно интервју во 2008 година изјави дека е „сто проценти стрејт“. Сепак, потоа следува нејзиното последно интервју за магазинот People во кое таа рече дека се прашува зошто воопшто се забавувала и била со мажи.
„Мислам дека е малку себично да се каже, но сакав деца“, вели Џена, која има три деца. „И сега, кога конечно се пронајдов себеси, прифаќам се што чувствувам длабоко во себе и повеќе не го потиснувам“, рече таа.
Двојката се запознала на Тик Ток. Џена ја следела Џеси и ги коментирала нејзините објави. Џена на почетокот не била заинтересирана за врска, но сепак се случило.
“Знаев дека ќе го добијам тоа што го сакам. Таа вреди. Таа ми постави предизвик, а јас навистина ги сакам предизвиците. Знаев дека треба да бидам трпелива и да чекам. И таа дојде”, изјави Џена.