Ученици во Славонија гледале порно филм на прожекторско платно во училница. Имено, во една славонска гимназија, за време на наставата на третиот клас, од лаптопот на професорот бил пуштен порно филм кој се пренесувал и на платното за прожектирање. Неколку ученици се шокирале, а други се смееле.
За порно филмот не се знаело до крајот на минатата недела, кога учениците одлучиле да и кажат на една професорка.
– Ова многу ме растревожи. Искрено да ви кажам јас немав поима за таа снимка. Лаптопот не го користам само јас, туку и моите колеги. Сакав на учениците да им пуштам филм за историјата на уметноста. Сакам да кажам дека често лаптопот го позајмувам и на учениците. Изненаден сум – изјавил професорот на чиј час бил пуштен порно филмот.