Најшокантното нешто со кое се соочуваат патниците наутро е обично доцнењето на возот, но луѓето на железничката станица Патна Џанкшн во индискиот град Патна беа изненадени од многу необична глетка.
Имено, на екранот кој се наоѓа на станицата нешто пред 10 часот наутро почна да се прикажува експлицитно видео од секс. Стотици патници биле шокирани што наместо вообичаените реклами, на екранот бил прикажан порно филм.
Видеото се прикажувало околу три минути, а потоа било прекинато поради бројни поплаки, пишува Тајмс оф Индија. Во тоа време на железничката станица обично имало голема гужва.
— zoranceran (@zoranceran2) March 22, 2023
Сепак, имало и такви кои ја снимиле таа сцена, па сега видеото е вирално на Твитер. Додека некои се лути поради оваа грешка, на други оваа ситуација им е крајно смешна.
Passengers in patna railway station pic.twitter.com/f86Jt7pdCj
— tweetakudu (@tweetakudu) March 21, 2023