На интернет се појавила порно-снимка на која наводно се наоѓа самопрогласената боливиска претседателка Хенин Ањес. На провокативните фотографии може да се види гола блондинка, а многу брзо содржината била отстранета од сајтот XVideos.
Сепак, многумина се согласуваат дека жената на снимката многу потсетува на Ањес.
Нејзиното опкружување тврди дека станува збор за лажна снимка која има за цел да го уништи угледот на самопрогласената претседателка.
Она што сепак повеќе ја загрижува актуелната власт во Боливија е тоа што Ањес морала да се откаже од патувањата надвор од престолнината поради заканите по живот кои ѝ биле упатени од една криминална група. Тоа го потврдил и министерот за внатрешни работи Артуро Муриљо, кој рекол дека таа требала да отпатува во својата родна провинција Бени на североистокот од Боливија, но патот бил откажан поради заканите.
Не изнел детали, но рекол дека се вмешани Кубанци, Венецуелци и Колумбијци.