Анџелина Џоли беше фотографирана за време на прошетка со својот „таинствен“ син, а на многумина на почетокот им беше тешко да го препознаат.
Од сите деца на Анџелина Џоли и Бред Пит, Пакс Тијен е најретко гледан во јавноста.
Имено, Пакс има 18 години и важи за најмистериозниот член на нивното семејство. Тоа го поткрепува и фактот што своевремено не се ни појави на сопствената матура поради страв од медиумска помпа.
Сега конечно беше фотографиран во јавност, а друштво очекувано му правеше мајка му, со оглед на тоа што тој наводно не е во најдобри односи со својот татко поради брат му Медокс. Имено, кога дошло до конфликт помеѓу актерот кој според Џоли бил во алкохолизирана состојба и најстариот син, Пакс автоматски застанал во одбрана на својот брат.
Тој не разговара со својот татко, а во целата ситуација потоа биле вклучени полицијата и социјалните служби. Сепак, иако Пит негираше дека дошло до конфликт, се тврди дека од тој момент ниту Медокс ниту Пакс наводно немале никаков контакт со нивниот татко.
Од друга страна, Пакс е повеќе од приврзан за својата мајка, која е се во неговиот живот. Двајцата биле фотографирани прво како купуваат намирници, а потоа се упатиле во ресторан на вечера.
На многумина не им промакна трансформацијата на Пакс, бидејќи се чинеше дека за само неколку месеци тој од тинејџер прерасна во вистински фраер.
Инаку, Пакс е посвоен. Роден е во 2003 година во Виетнам како Фам Куанг Санг, а актерите го посвоиле кога имал три години.