Српскиот епидемиолог Дарија Кисиќ Тепавчевиќ е една од најпопуларните лекарки во оваа земја. Таа во многу наврати од почетокот на оваа криза, даваше препораки на населението како да се заштитат.
Докторката утринава на една од српските телевизии одговараше до кога ќе носиме маски.
-До кога? Па и натаму ќе носиме. Свесна сум дека ова што го кажав е непопуларно… Ноќните клубови се легло на заразата – рекла докторка и предупредила дека штом малку се опуштиме бројките на новозаразени растат.
-Како студент и на специјализација гледав фотографии од 1918 година, од време на шпанската грозница, на кои луѓе со маски гледаат фудбалски натпревар – рекла и напомна дека маската е стара и добро позната мерка на заштита.
Д-р Тепавчевиќ зборуваше и околу влијанието на високите температури над вирусот.
-Летото е сезона на цревни а не на вирусни инфекции, сезона на труење со храна, па многу е необично еден респираторен вирус вака да се однесува среде лето – појасни таа.
https://www.instagram.com/p/CDegPDLpqEv/?utm_source=ig_web_button_share_sheet