Српскиот актер Небојша Дугалиќ го прележа коронавирусот, но го зарази целото свое семејство, односно, сопругата и петте деца.
– Го прележав коронавирусот. Знаев дека вирусот може да биде смртоносен ако некој има сериозна болест. Мојата болест беше третирана како средно тешка, па се лечев во куќна изолација. Најголем проблем ми правеа болките во зглобовите, мускулите, омалаксаност, температура, а го загубив и осет за мирис и вкус – изјави глумецот за вечерни.рс, и откри дека ги заразил сопругата и петте деца.
-Вирусот е таков што поради невнимание може многу лесно да ги заразите другите. После мене сите мои дома почнаа ланчано да се заразуваат со короната. Тие уште се лекуваат, но засега се добри.
Дугалиќ апелира сите да носат маски.
-Би им порачала на сите да се пазат, бидејќи болеста може да биде многу опасна. Најважно е да носиме маски и да направиме се што е до нас да не се заразиме. Кога почна пандемијата не познавав никој кој е заразен, а сега не познавам никој а некој да не му е починат – објаснува глумецот.